Во воздушните напади на војската на Мјанмар врз село под контрола на продемократскиот отпор во северозападниот дел на земјата загинаа најмалку 17 цивили, вклучително и девет деца, соопштија локалните жители и организација за заштита на човекови права на 7 јануари.
Утринските напади се случија јужно на индиската граница. Војската ја отфрли одговорноста, тврдејќи дека станува збор за лажна вест што ја ширеле он лајн портали блиски до, како што тврдат, отпорот.
Видете и ова: Мјанмар нареди државните службеници и поранешните војници да бидат во состојба на готовностБурма, позната и како Мјанмар, е зафатена од насилство што започна откако армијата ја собори избраната влада на Аунг Сан Су Чи во февруари 2021 година. Откако мирните демонстрации беа задушени со смртоносна сила, многу противници на воената управа го кренаа оружјето.