Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.
Се очекува во текот на денешниот ден да дува умерен, а долж Повардерието и повремено засилен ветер од југоисточен правец со над 60 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени Целзиусови.
Видете и ова:
Временска прогноза – Променливо облачно и магливоВо Скопје исто така променливо облачно време со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.