Пукање во училиште во американската сојузна држава Ајова

Пукање во Ајова

Полицијата во градот Пери во американската сојузна држава Ајова соопшти дека на 4 јануари дошло до пукање во средното градско училиште.

Престрелката се случила првиот ден кога учениците се вратиле на настава по зимскиот распуст.

Жената која се јавила на телефонот на полицијата во Пери не дала дополнителни информации, пренесува АП.

Голем број полициски и возила на итната помош ја опколиле зградата во која се наоѓа гимназијата.

Алекс Динкла од државната полиција на Ајова рече дека се уште нема информации за пукањето.

Гимназијата е дел од училишниот округ Пери со 1.785 ученици. Пери, со околу 8.000 жители, се наоѓа на околу 40 милји северозападно од главниот град на државата, Де Мојн.