Борел ги повика другите земји да ја решат војната меѓу Израел и Хамас

Brussels - European Union foreign policy chief Josep Borell speaks during a news conference, December 2, 2020

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека треба да се реши конфликтот меѓу Израел и Хамас.

На настан во Лисабон, тој оцени дека другите земји треба да најдат решение.

„Верувам дека во овие 30 години научивме дека решението мора да се наметне однадвор, бидејќи двете страни никогаш нема да можат да постигнат договор“, рече тој и додаде:

„Доколку оваа трагедија не заврши наскоро, целиот Блиски Исток може да заврши во пламен“, рче Борел.

Видете и ова: Израел подготвен за секакво „сценарио“ по атентатот на заменик-шефот на Хамас

Коментарите доаѓаат откако во експлозија во Бејрут загина заменик-лидерот на Хамас, Салех Арури. Израел не потврди дали стои зад експлозијата.

Мировниците на Обединетите нации во Либан велат дека се длабоко загрижени поради можната ескалација на насилството.

Портпаролката на УНИФИЛ наведува дека поширок конфликт би имал погубни последици и за Израел и за Либан и ги повика сите страни на воздржаност.

Видете и ова: Во напад во Бејрут загина висок претставник на Хамас

Најмалку 1.200 луѓе беа убиени откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, а околу 240 други беа земени како заложници.

Министерството за здравство во Газа, кое го раководи Хамас, вели дека повеќе од 22.000 луѓе се убиени на палестинска територија откако Израел ја започна кампањата за одмазда.