Силен земјотрес во Чиле и Аргентина

илустрација

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ги погодил Чиле и Аргентина.

Епицентарот на земјотресот бил на 155 километри од градот Копиапо во Чиле, односно 79 од градот Винчи во Аргентина, на длабочина од 155 километри.

Видете и ова:

Во земјотресот во Јапонија 48 мртви, тлото поместено за 1,3 метри


Земјотресот се случил во 05:04 часот по локално време.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.