Во израелски воздушен напад на 2 јануари во Бејрут убиен е вториот највисок по ранг политички лидер на терористичката организација групата Хамас, означена како терористичка организација од САД и ЕУ.
И од милитантната група претходно потврдија дека заменик-шефот на нејзиното политичко биро, загинал во експлозијата.
Ова значи и потенцијална ескалација на израелската војна против екстремистичката група и го зголемува ризикот од поширок конфликт.
Видете и ова: Во Турција уапсени 33 лица, осомничени дека шпионирале за ИзраелСалех ал-Арури е највисоката личност во хиерархијата на Хамас која е убиена од почетокот на војната со Израел. Тој, исто така, беше основач на военото крило на групата.
Неговата смрт може да предизвика голема одмазда од моќната либанска милитантна група Хезболах.
Во нападот беше погоден стан во зграда во шиитска област во Бејрут, која важи за упориште на Хезбалах.
Водачот на Хезболах, Саид Хасан Насралах вети дека ќе возврати на секое израелско таргетирање на палестински официјални лица во Либан.
Хезболах и израелската војска речиси секојдневно разменуваат оган над израелско-либанската граница од почетокот на војната на Израел и Хамас во Газа, пред речиси три месеци. Но, досега либанската група се чини дека не сакаше да ги ескалира борбите. Значителен одговор од нејзина страна сега би можел да го претвори конфликтот во сеопфатна војна на северната граница на Израел.
Либанската државна Национална новинска агенција соопшти дека нападот бил извршен од израелско беспилотно летало, а израелските власти одбија да коментираат. Во изјавата за новинарите, портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари, не ја спомна директно смртта на Арури, но рече: „Ние сме фокусирани и остануваме фокусирани на борбата против Хамас“.
Либанските државни медиуми соопштија дека загинале уште три други лица.
Либанскиот премиер Наџиб Микати ја нарече експлозијата „злосторство“ кое „има за цел да го вовлече Либан во нова фаза на конфронтација со Израел“.
Во изјавата се додава дека има „многу“ повредени и загинати во експлозијата.