Русија призна дека случајно бомбардирала сопствено село

Мапа, Русија

Москва соопшти дека нејзината војска случајно бомбардирала село во јужниот регион Воронеж на 2 јануари за време на масовниот руски напад врз Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека шест згради биле оштетени, но нема жртви во селото Петропавловка, кое се наоѓа на околу 150 километри источно од границата со Украина.

Бомбардирањето на селото се случува истиот ден кога руската војска лансираше низа проектили и беспилотни летала кон Украина, при што загинаа најмалку пет лица, а околу 100 се ранети.

Видете и ова:

Најмалку пет загинати и десетици ранети во руските напади на Киев и Харков

Станува збор за руски напади на Киев и Харков кој дојдоа еден ден откако Русија лансираше рекордни 90 дронови од типот Шахед низ Украина во раните утрински часови на новата година. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја ќе ги „интензивира“ нападите врз својот сосед.

Предупредувањето на Путин на 1 јануари следеа откако беше објавено дека во гранатирањето на рускиот пограничен град Белгород загинаа повеќе од дваесет луѓе, а повеќе од 100 беа ранети. Русија ја обвини Украина за тој напад на 30 декември.