Нападнат лидерот на јужнокорејската опозиција

Лидерот на јужнокорејската опозиција Ли Џае-Мјунг

Лидерот на јужнокорејската опозиција Ли Џае-Мјунг бил повреден во напад со нож додека разговарал со новинарите за време на посетата на Бусан, крајбрежен град во југоисточниот дел на Јужна Кореја, јави новинската агенција Јонхап.

Ли (59), лидерот на главната опозициска Демократска партија, се движел во колона опкружен со група новинари по обиколка на градилиште на новиот аеродром кога постар човек го нападнал и го прободел во вратот. Како што се гледа од снимките на локалната телевизија, Ли паднал на земја, а околу него се собрале неколку луѓе за да му помогнат и да го спречат крварењето.

Видете и ова:

Јужна Кореја успешно тестираше ракета со цврсто гориво

Тој прво бил лекуван во болница во Бусан, а набрзо со хеликоптер бил префрлен во болница во Сеул на операција. Полицијата претходно соопшти дека тој бил свесен откако бил повреден и дека не е во критична состојба.

„Политичарот „одеше кон автомобилот и разговараше со новинарите кога напаѓачот побара од него автограм, а потоа почна да го удира по вратот со нешто што личеше на нож“, изјави очевидец на нападот за локалната телевизија.

Функционерот на Демократската партија, Сон Џае-хан, во телевизиско обраќање рече дека партиските колеги кои биле блиски со Ли брзо го совладале напаѓачот пред полицијата да го приведе.