Си рече дека Кина „сигурно ќе се обедини“ со самоуправниот Тајван во новогодишното обраќање

Кинескиот претседател Си Џинпинг

Кинескиот претседател Си Џинпинг во новогодишното обраќање рече дека Кина „сигурно ќе се обедини“ со Тајван, обновувајќи ги заканите на Пекинг да го преземе самоуправниот остров, кој го смета за свој.

Тајван се одвои од Кина поради граѓанска војна во 1949 година, но Пекинг продолжува да го смета островот од 23 милиони жители со својата високотехнолошка економија како кинеска територија и ја зголеми својата закана да го постигне тоа со воена сила доколку е потребно.

„Кина сигурно ќе се обедини и сите Кинези од двете страни на Тајванскиот теснец треба да бидат обврзани со здраво чувство за цел“, рече Си во своето обраќање, според официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Пораката за Тајван доаѓа на помалку до две недели пред островот да избере свој лидер.

Видете и ова: Кина го олеснува барањето за виза за американските туристи

Кинескиот претседател во својата новогодишна порака рече и дека Кина тесно ќе соработува со меѓународната заедница за постигнување општо добро на човештвото и светскиот мир и да се направи светот подобро место за сите.

Во својата новогодишна честитка, Си му посака на светот мир и спокојство.
Тој посочи дека Кина ќе продолжи по патот на економскиот напредок во 2024 година, кој започна во текот на изминатата година по пандемијата на Ковид-19, и оцени дека кинеската економија е поотпорна и подинамична од претходно.