Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По котлините ќе има појава на магла која околу пладне ќе се намали, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во вечерните часови, а особено во текот на ноќта повторно ќе се формира. Температура ќе достигне до 9 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5 степени, а максималната од осум до 15 степени.