Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека до крајот на февруари или почетокот на март би можело да се формира Влада на Србија.
Тој рече дека нема да има револуција или насилно преземање на власта.
„Народот јасно кажа кого поддржува, дека треба да се обидеме да формираме Влада на Србија пред крајот на февруари или почетокот на март“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе се види дека Собранието на Србија ќе се конституира на крајот на јануари.
Тој рече дека претходниот претседател на парламентот Владимир Орлиќ „одлично си ја работел работа“, но дека „не е сигурен“ дека ќе остане на таа функција.
Опозициска коалиција „Србија против насилство“ не ги признава изборните резултати, обвинувајќи ја власта за изборна кражба и бара повторување на изборите. Владејачката Српска напредна партија (СНС) и државното раководство ги отфрлаат наводите за изборна измама.
Српскиот претседател Александар Вучиќ додаде дека властите ќе продолжат да ги спроведуваат предлозите на ОДИХР и ОБСЕ „со цел да се подобри демократијата“.
Видете и ова: Протести во Белград, црвени картони за властаТој зборуваше во изборниот штаб на неговата Српска напредна партија по повод повторувањето на изборите на одредени избирачки места. Вучиќ беше носител на сите изборни листи на СНС под името „Србија не смее да запре“.
Како што рече, листата „Србија не смее да запре“ победи на сите места каде во Белград се повторуваа републичките и локалните избори. Изборите беа повторени во 35 избирачки места за пратеници во српскиот парламент и во три места во Белград за градски советници.
Денеска во Белград се одржа протест на кој илјадници луѓе побараа поништување на изборите одржани на 17 декември.