Изборното тело на Пакистан ја отфрли номинацијата на поранешниот премиер Имран Кан за учество на националните избори во 2024 година, соопшти Изборната комисија на Пакистан на 30 декември.
Врховниот суд на Пакистан претходно овој месец му одобри кауција на Кан во случај поврзан со оддавање државни тајни, но не беше јасно како тој може да биде ослободен додека отслужува тригодишна затворска казна за корупција и соочување со други обвиненија.
Кан, кој има 71 година, е вмешан во сплет на политички и правни битки откако беше соборен од премиерската функција во април 2022 година. Тој не е виден во јавноста од август, откако беше затворен на тригодишна затворска казна за незаконска продажба државни подароци додека беше на функција од 2018 до 2022 година.
Видете и ова:
Врховниот суд во Пакистан одобри кауција за поранешниот премиер КанКан беше дисквалификуван од учество на националните избори закажани за 8 февруари поради пресудата за корупција, но тој сепак поднесе документи за номинација за изборите, соопшти неговиот медиумски тим.
Изборната комисија на Пакистан соопшти дека номинацијата на Кан била одбиена бидејќи тој не бил регистриран гласач во изборната единица и затоа што е „осуден од судот и е дисквалификуван“.