Кина ќе ги поедностави барањата за визи за туристите од САД од 1 јануари, намалувајќи ги потребните документи, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на кинеската амбасада во Вашингтон, на 29 декември.
Овој потег на Кина е за заживување на туризмот и за зајакнување на втората по големина економија во светот по падот за време на пандемијата со Ковид - 19.
Апликантите за туристичка виза во САД повеќе нема да треба да поднесуваат резервации за авионски билети, резервации за хотели или писмо со покана, се вели во известувањето на амбасадата.
Пекинг претходно им го отвори патот на они кои имаат пасоши од Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и Малезија да ја посетат земјата без визи од 1 декември.
Видете и ова: Кина по короната им дозволи на своите граѓани да патуваат во уште 70 земјиБезвизниот третман ќе трае 12 месеци, а туристите од тие шест земји ќе можат да ја посетат Кина до 15 дена.
Кина, исто така, во ноември, ја прошири својата политика за безвизен транзит во 54 земји.
Бројот на туристи кои влегуваат во земјата опадна за време на пандемијата поради строгите политики на земјата за контрола на ковид.
Меѓународните летови до Кина се зголемија откако Пекинг ги отфрли ограничувањата за ковид пред една година, но сè уште се повратени само со 60 проценти од нивото на кое беа во 2019 година.