Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе се намали.
Максималната температура ќе се движи од 7 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од наутро магливо и тивко. Максималната температура ќе достигне 9 степени.
Видете и ова: Стапуваат во сила мерките поради зголеменото загадувањеДо понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер, соопштија од УХМР.