Единаесетти по ред протест на дел од српската опозицијата се одржа во Белград вечерва, на 28 декември, поради наводите за бројни нерегуларности и кражби на гласови на изборите во Србија на 17 декември.
Граѓаните како и досега се собраа пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК) на покана на листата на избирачи „Србија против насилството“.
Насобраните граѓани тргнаа во протестна прошетка до зградата на Радио и телевизија на Србија (РТС), по која беше трасата и претходниот ден.
Мирослав Алексиќ, еден од претставниците на листата „Србија против насилството“, на протестот рече дека РТС не ја врши работата што треба да ја работи како јавен сервис. Тој рече дека РТС не земала изјава од луѓето кои штрајкуваат со глад 11 дена и истакна дека тоа „никогаш не се случило“.
Видете и ова:
Студентите во Србија бараат отворање на избирачкиот список и најавуваат блокади
Тројца претставници на опозициската коалиција - Мариника Тепиќ, Јелена Милошевиќ и Бранко Миљуш штрајкуваат со глад, барајќи поништување на изборите. Во четвртокот, на 28 декември, опозициските политичари Јанко Веселиновиќ и Данијела Грујиќ најавија дека на предлог на лекар ќе го прекинат штрајкот со глад.
Повод за протестите на опозицијата, кои од 18 декември се одржуваат секој ден, се обвинувањата за изборна кражба од страна на Српската напредна странка (СНС), кои партијата и државниот врв ги демантираат.
Протест против наводите за изборна кражба се одржа и во Зрењанин, град на 80 километри северно од Белград.
Насобраните во локалната полициска станица поднеле барање за пристап до информации од јавно значење, со кое го бараат бројот на државјани на Република Србија кои од 01.09.2023 година до 25.11.2023 година. го пријавиле местото на живеење на територијата на Зрењанин, како и бројот на лицата кои по изборите се одјавиле од тие адреси.
Видете и ова:
Инциденти на протестот во Белград: Демонстрантите се обидоа да влезат во градското собрание
Оваа недела активисти и студенти собрани околу неформалната група „Студентите против насилството“ организираа улични блокади и акции со цел да го принудат Министерството за државна управа и локална самоуправа да го отвори избирачкиот список.
Министерство одговори со соопштение дека единствениот избирачки список е веќе отворен, јавен и достапен и дека е „обезбедена максимална транспарентност на избирачкиот список“.
Одговарајќи на тврдењата на опозицијата за изборна кражба, Републичката изборна комисија на 24 декември соопшти дека надлежните министерства со проверка на избирачките списоци утврдиле дека тврдењата дека бројот на гласачи со право на глас на изборите во Белград е вештачки зголемен во со цел да се влијае на исходот од изборите „не се точни“.
Истиот ден, претседателот на Србија изјави дека гласањето се одвивало во демократска атмосфера и дека тоа било „најмирното досега во модерната историја“.
Видете и ова:
Протест на листата „Србија против насилството“: Да се поништат изборите во БелградСомнеж за регуларноста на изборите изрази и Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), која на 18 декември соопшти дека изборите биле одбележани со сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавни средства, медиумска доминација на претседателот на државата Александар Вучиќ, негативна кампања и ширење страв.
Дел од европратениците повикаа на независна истрага за сите пријавени нерегуларности за време на изборите одржани во Србија на 17 декември.
Американскиот Стејт департмент ги повика властите во Србија да соработуваат со мисијата на ОБСЕ во истрагата за наводите за изборни нерегуларности.
Покрај републичките и покраинските избори, на 17 декември во Србија се одржаа и локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград.