На 27 декември, рускиот Врховен суд ја потврди одлуката на Централната изборна комисија да и забрани на новинарката Екатерина Дунцова, која повика на мир во Украина, да се кандидира за претседател на следните избори, наведувајќи дека има наводни грешки во нејзината апликација да се регистрира како кандидат.
На видеоснимката од судското рочиште се гледа како Дунцова изјавила дека грешките наведени од Централната изборна комисија се претежно од техничка природа.
Сепак, судијата Олег Нефиодов оцени дека одлуката е исправна и не може да се менува.
40-годишната Дунцова поднесе документи за да се кандидира за изборите во март 2024 година како независен кандидат, промовирајќи визија за, како што ја нарече „хумана“ Русија „која е мирољубива, пријателска и подготвена да соработува со сите врз основа на принципот на почит“.
Видете и ова:
Русија спречи кандидат да учествува на претседателските избориДунцова претходно изјави за „Current Time“ дека ги поддржува мировните преговори за ставање крај на војната во Украина.
„Мировните преговори за решавање на специјалната воена операција се меѓу приоритетите за мене“, рече Дунцова, користејќи го истиот термин што го користи Кремљ за да ја опише војната во Украина.
„Ќе биде потребно долго време за мировните преговори да донесат резултати. Но, се е можно, јас верувам во тоа“, рече таа.
Поранешната локална пратеничка од западниот град Ржев беше повикана од обвинителството минатиот месец, откако повика на мир во Украина, на ослободување на политичките затвореници и демократски реформи во Русија.
На изборите в март се очекува претседателот Владимир Путин лесно да победи во услови на постојана државна репресија врз политичките противници, граѓанското општество и слободата на медиумите. Притисоците се интензивираат откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Видете и ова:
Харинтонов втор пат ќе се соочува со Путин на избориДунцова рече дека е „исплашена“ откако ја објави својата кандидатура против Путин. На место каде се собраа нејзини поддржувачи, накратко снема струја, наведува „Сота“, руска новинска публикација која ги следи опозициските антивладини протести и прашањата за човековите права.
Според уставните амандмани оркестрирани од Кремљ, Путин (71) има право да бара уште два шестгодишни мандати по истекот на неговиот сегашен мандат следната година, што потенцијално ќе му овозможи да остане на власт до 2036 година.