Студентот на Филозофскиот факултет во Прага, кој на 21 декември со пушка уби 14 студенти и предавачи, рани 25 лица, а потоа се застрела самиот себе, во проштално писмо признал дека убил млад татко и неговото двомесечно бебе една недела претходно додека шетале во шумата на периферијата на Прага.
„Во текот на истрагата, во селото Хостуњ е пронајдено проштално писмо во кое убиецот го признава убиството во шумата во областа Клановице. Засега не можеме да кажеме што точно стои во писмото, бидејќи истрагата е во тек и проверуваме серија настани и сослушуваме други луѓе“, изјави тој за дневниот весник „Новинка“, портпаролот на полицијата Јан Дањек.
Видете и ова:
Во Чешка ден на жалост за жртвите од масовното пукање во универзитетотДека Дејвид К., 24-годишен студент по историја на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, е виновен и за необјаснето убиство на 32-годишен Чех и неговото бебе во Клановице на периферијата на Прага, претходно се потврди и со балистички вештачења на оружјето со кое пукаше на факултет и пиштолот што потоа го пронајде полицијата.
На богослужбата за жртвите од ова масовно убиство на 23 декември во Соборниот храм Св. Вида на Храдчани, на олтарот беа поставени 18 рози: 14 за студенти и предавачи на Филозофскиот факултет; една за таткото на Давид К., кој синот го убил пред да оди во Прага вооружен до заби; две за жртвите од Клановице; и една за самиот убиец како молитва за заблудениот ум и како симбол дека доброто ќе победи над злото.
Сè уште само се шпекулира кој бил мотивот на еден добар студент по историја, незабележлив тивок тип, да убие 13 студенти и предавачи на лице место со пушка АР-15.
Дозвола за носење оружје добил дури напролет, за што во Чешка не се потребни психолошки тестови, туку само потврда од општ лекар, а легално набавил цел арсенал, три пушки, пиштоли и многу муниција, за кои не се знае од каде имал пари бидејќи само пушката што ја користел за убиствата на факултетот, според експертите, чини повеќе од 6.000 евра.
„Постојано проверуваме дали системот или поединец затаиле. Системот во регистарот за оружје нема можност да алармира доколку некој за кратко време купи голема количина оружје“, изјави заменик-шефот на чешката полиција, Томас Кубик.
Чешкиот полициски инспекторат ја проверува и самата интервенција и полициската потрага по Давид К., бидејќи полицијата добила СМС известување од другарка на убиецот дека тој оди во Прага да си го одземе животот. Кога полицијата пристигнала во неговата куќа во селото Хостуњ во близина на Прага, го пронашле неговиот татко убиен и домашна експлозивна направа која требало да ја разнесе куќата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Прага во шок додека се појавуваат нови детали за убиецот
Додека експертите се согласуваат дека интервенцијата на полицијата во зградата на факултетот на плоштадот „Јан Палах“ и самата евакуација била многу професионална, останува прашањето зошто полицијата не ја евакуирала главната зграда каде прво пристигнала и не го пронашла осомничениот туку сите полициски сили го префрлила во споредната зграда во истиот туристички кварт на стара Прага каде што тој требало да има предавање.
Полицијата истовремено има полни раце работа со потрагата по лица кои на социјалните мрежи се закануваат дека ќе го повторат делото на убиецот од Филозофскиот факултет или го поддржуваат, фалат и шират паника или лажни вести. Медиумите, пак, апелираа да не се објавува целото име на убиецот токму за луѓето да не почнуваат да ги бараат неговите профили на социјалните мрежи и да споделуваат каква било содржина од него.
„До денес истражуваме повеќе од 60 вакви случаи, а во 30 го знаеме конкретниот идентитет на лицето“, соопштија од полицијата на мрежата Х (поранешен Твитер) и предупредија дека авторите на ваквите коментари и закани прават кривично дело.