Вишиот суд во Белград на 27 декември соопшти дека е одреден притвор за неколку лица кои беа обвинети за немири на протестот на 24 декември пред градското собрание на Белград, одржан поради обвинувања за изборна кражба.
На некои обвинети им е изречена забрана за напуштање на местото на живеење.
На протестот на 24 декември полицијата се судри со дел од демонстрантите. Некои маскирани лица го нападнале градското собрание, додека полицијата која беше во внатрешноста на зградата, кон нив фрлала солзавец и бибер спреј.
Судот им одредил притвор на пет обвинети, кој според сегашното решение на судот не може да трае пдоолго од 30 дена, се вели во соопштението од Вишиот суд.
Притворот е определен поради постоење „посебни околности кои укажуваат дека за краток временски период ќе се повтори делото“.
Видете и ова: Деветти протест во Србија поради обвинувањата за изборна кражбаПротив шест други луѓе е поднесена мерка за забрана на напуштање на местото на живеење без примена на електронски надзор.
Тие беа обвинети за „Насилничко однесување на спортски настан или јавен собир“ поврзано со кривичното дело „Повикување на насилна промена на уставниот поредок“, додека еден од нив се товари само извршувањето на кривичното дело „Насилно однесување на спортски настан или јавен собир“.
За едно лице е одбиен предлогот за притвор и било решено да се ослободи.
„Против сите горенаведени решенија дозволена е жалба“, се вели во соопштението.
Седуммината обвинети склучиле спогодби со јавниот обвинител и го признале делото, се вели во соопштението.
Во Белград со денови се одржуваат демонстрации на покана на најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“.
На последниот, деветти протест пред Палатата на правдата во Белград, организаторите побараа ослободување на приведените на протестот.