Најмалку 6 војници загинаа при напад на турска воена база во северен Ирак

Илустрација

Најмалку шест турски војници загинаа, а еден е ранет во напад на турска воена база во северен Ирак. Турското Министерство за одбрана додаде дека најмалку седум „терористи“ се неутрализирани во областа. Под „неутрализирани“ турските власти подразбираат предадени, убиени или заробени луѓе.

Во информациите од турското Министерство за одбрана не е прецизирано на која терористичка организација припаѓаат напаѓачите, но се знае дека Курдиската работничка партија (ПКК) која е прогласена за терористичка група во Турција, ЕУ и САД, е активна во оваа област.

Видете и ова: Иранската полиција апси активисти пред годишнината од смртта на Махса Амини

ПКК повеќе од 35 години води терористичка кампања против Турција, во која загинаа повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.