Почина еден од ранетите во Прага

Чешка, Прага, вооружен напад

Почина еден од ранетите во вооружениот напад на Давид К. на 21 декември во Прага, со што бројот на жртвите на тоа злосторство се искачи на 15, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан.

Денеска на 22 декември изјави дека лицето починало во болница и дека меѓу убиените нема странски државјани. Чешката полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден на Холандија.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Прага во шок додека се појавуваат нови детали за убиецот

Во пукањето на Филозофскиот факултет во Прага во четвртокот, студентот по историја Давид К. со пушка уби 13 студенти и предавачи, а потоа се самоуби, а рани 25 други.

Претходно, Давид К. го убил својот татко во селото Хостуњ кај Прага, а потоа му испратил СМС порака на својот пријател дека ќе се самоубие. Полицијата тргнала во потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на Филозофскиот факултет каде што тој имал предавање, но напаѓачот наместо тоа влегол во главната зграда каде немало полиција, донел торба со повеќе оружје и муниција и пукал во четвртиот кат.

Видете и ова: Во сабота Ден на жалост во Чешка, по масовното убиство на универзитетот во Прага

Сторителот на кривичното дело имал дозвола за поседување осум парчиња оружје.

Полицијата во Чешката Република ги засили превентивните мерки за заштита на таканаречените меки цели како што се училиштата и болниците и стави повеќе полицајци на улица отколку во нормални околности.

Засилените безбедносни мерки ќе траат најмалку до 1 јануари 2024 година.