Вработени во холандското МНР преку протест повикаа на примирје во Газа

Газа, конфликт Палестина - Израел

На 21 декември, група холандски државни службеници организираа протест пред Министерството за надворешни работи во земјата за да повикаат на примирје поради војната во Газа, пренесе АФП.

Околу 150 вработени во Министерството за време на паузата за ручек држеа плакати и открија транспарент на кој пишуваше „Државните службеници бараат прекин на огнот“, велејќи дека протестираат против актуелниот став на владата за повикување на прекин на непријателствата.

Холандија, како и Германија и Италија, минатата недела се воздржаа од гласање за прекин на огнот за време на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации и покрај тоа што голем број земји гласаа „за“

Видете и ова:

Се очекува ново гласање во Советот за безбедност за прекин на огнот во Газа

Холандскиот министер за надворешни работи, Ханке Бруинс Слот, изјави потоа дека тоа што Холандија била воздражана на ова гласање е резултат на тоа што текстот на резолуцијата е „недоволно јасен“ за правото на Израел да се брани и не се осврнува на нападот на Хамас на 7 октомври.

Поддршката за повикот за прекин на огнот расте во Холандија, а речиси две третини од интервјуираните Холанѓани се „за“, покажува истражувањето на јавниот сервис РТЛ објавено во вторникот.

Видете и ова:

ОН бараат истрага од Израел за „можно воено злосторство“ во Газа

„Мнозинството луѓе не заземаат страна во конфликтот: Симпатиите за палестинскиот народ се исто толку големи како и за израелскиот народ“, се додава во анкетата на РТЛ, пишува АФП.

Војната во Појасот Газа започна со нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, во кој, според израелските податоци, загинаа 1200 луѓе, а околу 240 лица беа земени како заложници.