Штрајкот на контролорите на летање кој требаше да стапи на сила од 25 декември и да трае до 31 декември годинава е откажан, соопшти на денешната пресконференција претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.
Според зборовите на Тасевски, на денешниот состанок, Синдикатот донел одлука да го прифати огласот за вработување кој беше спорен за нив, поради дел од позициите што Синдикатот ги сметаше за несуштински и што беше причина за реактивирање на одлуката за штрајк од октомври годинава.
„Заклучивме да го откажаме штрајкот од неколку оперативни причини. Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на десет работни денови за конкурсот, а и понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на така карта за да немаме шанса за маневрирање“, изјави Тасевски.
Видете и ова:
Бочварски: Правиме се, за да не штрајкуваат контролорите за летањеМинистерот за транспорт и врски пак, Благој Бочварски, уште вчера изјави дека се прави се за да не дојде до најавениот штрајк на контролорите на летање.
Тој вчера оствари и средба со членовите на Синдикатот, кои и тогаш најавија дека конечната одлука ќе се носи денеска.
Со денешната одлука пак на синдикатот штрајк воопшто да нема, летовите од 25 до 31 декември на двата аеродроми во земјава – Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе се одвиваат согласно регуларниот распоред.