Украина ќе мора да ги зголеми задолжувањата на домашниот пазар за да го преброди периодот од јануари до февруари 2024 година, поради недостатокот на финансиска поддршка од партнерите, изјави тамошниот министер за финансии на 21 декември.
„За жал, во јануари и февруари, одлуките кои ги донеле партнерите не се доволни за сами да можеме да се носиме со тоа. Затоа, сега имаме механизам, односно план Б во сила“, изјави Серхиј Марченко, а пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на агенцијата Интерфакс-Украина.
Покрај задолжувањето, ова вклучува и исплата на авансни дивиденди на државните претпријатија.
Киев успеа да ги намали потребите за надворешно финансирање за 2024 година од првичните 41 милијарди долари на 37,3 милијарди долари по мерките за максимизирање на буџетските приходи, активирање на пазарот на домашниот долг и намалување на капиталните расходи.
Украина на 21 декември доби уште 1,5 милијарди евра од Европската Унија од пакетот во вкупна вредност од 18 милијарди евра.
Видете и ова: За Украина 1,5 милјарди евра од ЕУГерманија пак ќе обезбеди дополнителни 88,5 милиони евра за помош во зајакнувањето на отпорноста на украинскиот енергетски состав додека Русија цели на неговата инфраструктура, соопштија од министерството за надворешни работи и економија во заедничката изјава на 21 декември.
Европската Унија пак на 15 декември не успеа да постигне консензус за новиот пакет помош од 50 милијарди евра за Украина, откако Унгарија стави вето на оваа одлука.
Пред Унгарија да стави вето на пакетот помош, другите членки успеаја да го заобиколат противеењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан за друга одлука, односно за отворањето на пристапните преговори со Украина.
ЕУ го одобри и дванаесеттиот пакет санкции против Русија поради нејзината неоправдана воена инвазија врз Украина.