Жителите на Демократска Република Конго гласаат на општите избори во средата по хаотичната кампања проследена со обвинувањата на опозицијата за измами, изборно насилство и логистички проблеми што ќе им отежнат на многумина да го остварат своето право на глас.
Во Буниа, во немирниот источен Конго и во главниот град Киншаса, гласањето започна доцна, бидејќи изборните материјали не пристигнале на некои избирачки места.
Во Гома и Бени, во источно Конго, некои гласачи во средата наутро се мачеа да ги најдат своите имиња на избирачките списоци, пишува Ројтерс.
Изборната комисија со месеци инсистираше на тоа дека ќе обезбеди слободно и фер гласање, како што беше ветено во втората по големина африканска земја, дури и кога независните набљудувачи и критичари предупредуваат на неправилностите за кои велат дека ќе ја поткопа легитимноста на резултатите.
Околу 44 милиони државјани на Конго се пријавени за учество на претседателските, законодавните и регионалните избори.
Видете и ова: ОН - Рекордни 6,9 милиони раселени во Демократска Република КонгоКако што се наближуваше денот на гласањето, властите бараа дополнителни хеликоптери, предизвикувајќи загриженост за способноста на Комисијата да ги отвори избирачките места во области кои инаку беа недостапни поради лошите патишта или големата несигурност.
Претседателот Феликс Цисекеди се натпреварува со дваесет опозициски кандидати со надеж дека ќе ја води земјата богата со минерали, но сиромашна за втор мандат.
„Побарав да ми дадете сила да ја продолжам работата што ја започнавме“, рече Цисекеди на последниот митинг во понеделникот, ветувајќи дека ќе ја прошири политиката за бесплатно образование доколку биде избран.
Кандидатите на опозицијата ги освоија гласачите со ветувањата дека ќе донесат стабилност, мир и економски развој, што, според нив, го немаше во првиот мандат на Цисекеди.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Мигрантката Сандра од Конго: Моите деца зборуваат македонски и сакам тука да останам
Опозицијата и изборните набљудувачи од граѓанските здруженија предупредија дека изборите не биле транспарентни.
Изборите ќе се решаваат во еден круг, а за победа е потребно просто мнозинство гласови.
Во прашање не е само легитимитетот на следната администрација. Изборните спорови во Конго често доведуваат до насилни немири со потенцијално далекусежни последици.
Конго е трет по големина светски производител на бакар и најголем производител на кобалт.
Настаните пред изборите беа особено вознемирувачки. Двајца кандидати за пратеници беа убиени во одвоени инциденти на 15 декември во бранот насилства поврзани со изборите, осудени од групите за човекови права и ЕУ.