Американскиот претседател Џо Бајден бил безбеден во неделата вечерта, откако неговиот автомобил се судрил со теренец кој бил дел од обезбедувањето на претседателот, изјави сведок на Ројтерс.
Бајден и првата дама Џил Бајден го напуштале неговиот изборен штаб кога се случи судирот.
Џил Бајден исто така е безбедна по инцидентот, рече сведокот, а пренесува Гласот на Америка.
„Семејството Бајден го напуштија штабот Бајден-Харис 2024 во центарот на Вилмингтон во 20:07 часот по локално време, откако јадеа со членовите на неговиот тим за реизбор во моментот на инцидентот“, се вели во извештајот на групата за печат на Белата куќа.
Според извештајот, неколку моменти откако Бајден одговорил на новинарско прашање, сребрена лимузина со регистерски таблички од Делавер удрила во возило од колоната на раскрсницата спроти влезот на изборниот штаб.
Телевизиските снимки покажаа агенти на Тајната служба како го придружуваат Бајден до неговиот автомобил по несреќата.
Сребрената лимузина, која имала оштетен браник, набрзо била опкружена од безбедносните службеници откако застанала.
Според зборовите на сведокот, по инцидентот, Бајден безбедно се вратил во својот дом во Вилмингтон.