Рекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд. Властите наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците дури е забележан и крокодил, пишува Би-Би-Си.
Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон го излеаја годишното количество дожд во некои австралиски области.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат потонати авиони на аеродромот Кернс, крокодили среде градот и луѓе кои бегаат од своите домови со чамци.
Засега нема извештаи за загинати или исчезнати лица. Интензивни врнежи се очекуваат во наредните 24 часа.
Заглавени жители во предградието на плажата Холовејс во Кернс, Австралија 18 декември 2023
Стотици луѓе се спасени, многу куќи се потопени, нема струја, патиштата се отсечени, а водата за пиење станува се поретка. Од почетокот на невремето во Кернс наврна повеќе од 2 метри дожд.
„Ова е најлошата природна катастрофа на која можам да се сетам. Разговарав со локалното население во Кернс кога бев на теренот и тие велат дека никогаш не виделе нешто слично“, рече премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс.
Видете и ова: Улогата на нуклеарната енергија за постигнување на декарбонизација
Мајлс вели дека приоритет во моментов е да се спасат граѓаните заробени во поплавата, како оние во оддалечениот град Вујал Вујал, кој се наоѓа на 175 километри северно од Кернс.
Синоптичарите соопштија дека обилните врнежи од дожд ќе продолжат поголемиот дел од понеделник и ќе се совпаднат со плимата и осеката, што претставува опасност за ниските заедници, јавува Би-Би-Си.
Иако се очекува врнежите да престанат во недела, реките допрва треба да го достигнат својот врв и со денови ќе бидат надојдени.
Видете и ова: Планински села во Пакистан во опасност од топење на глечери и поплави
Се очекува неколку реки да ги соборат рекордите поставени за време на големите поплави во 1977 година. Реката Дејнтри веќе го надмина претходниот рекорд за два метри, откако наврнаа 820 мм дожд за 24 часа.
Владините претставници проценуваат дека штетите од катастрофата ќе надминат 1 милијарда австралиски долари или 670 000 американски долари.
Источна Австралија е зафатена од чести поплави во последните години, а тука е и Ел Нино, кој обично се поврзува со екстремни инциденти како што се циклони и пожари.