Студено, но сончево време

Максималните дневни ќе се движат од минус два до плус осум степени (архивска фотографија).

Студено време во текот на претпладневните часови, но сончево во текот на денот, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска (17 декември).

Се очекува да дува и слаб до умерен ветер.

Додека утринските температури ќе бидат во интервал од минус десет до минус еден, максималните дневни ќе се движат од минус два до плус осум степени.

Слични прогнози од УХМР најавуваат и наредните неколку денови кога се очекува температурите да достигнат и до 14 степен.