Албанија врати 20 икони во Северна Македонија кои биле украдени пред десетина години.
Тие беа вратени на 15 декември во посебен дипломатски конвој кој пристигна во Музејот на Северна Македонија, настан на кој присуствуваа високи владини и црковни претставници.
Заврши децениското патешествие на 20 македонски икони – ги вративме дома, порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
„Охрабрена од овој исклучителен гест на пријателска Република Албанија, верувам дека успешно ќе се одвива и процесот на враќање на уште 37 идентификувани икони украдени од македонските цркви и манастири во периодот 2008 – 2013 година. Тоа беа години во кои многу често слушавме за обивање и ограбување на наши светилишта во југозападниот дел од државава, од Ресен до Радожда“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, рече дека враќањето на иконите ја покажува посветеноста на нејзината држава на борбата против трговијата со предметите од културното наследство.
Видете и ова:
Црквите ги крадат, надлежните рамнодушни