Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска (16 декември).
Се очекува да дува засилен северен ветер со брзина и над 60 километри на час. На одредени места ќе има и голомразица.
Во текот на денот максималната температура ќе се движи од нула до шест степени.
Утрото, пак, најниската измерена температура била минус пет на Попова Шапка, а под нулата било и во Крушево (минус четири) и Маврови Анови (минус три).
За разлика од денеска, утре (недела, 17 декември), пак, облачно и студено ќе биде само во претпладневните часови, додека за попладне се прогнозира сончево време.