ЕУ воведува построги правила за запленување на имот стекнат со криминал

Европската унија на 12 декември постигна договор за правилата за поефикасно замрзнување и конфискација на имот стекнат со криминал, вклучително и зајакнување на капацитетот на земјите од ЕУ да ги идентификуваат имотите на луѓе од Русија или Белорусија, кои се предмет на санкции.

Договорот вклучува минимални правила за следење, идентификација, замрзнување, конфискација и управување со имот стекнат со криминал, кои ќе важат ширум ЕУ.

Правилата ќе обезбедат средствата да можат брзо да се замрзнат и да се прошират кривичните дела и со трговија со луѓе, дрога и огнено оружје. Правилата ќе се однесуваат и на случаите кога трето лице помага да се избегне конфискација.

На луѓето и компаниите кои профитираат од заобиколувањето на санкциите, ќе им се одземат приходи на ист начин како и на нарко-картелите.

Видете и ова: Министрите од регионот потпишаа изјава за борба против корупцијата

При предлагањето на законот во мај 2022 година, Европската комисија рече дека организираниот криминал е една од најголемите закани за европската безбедност. Според податоците на Европол, криминалните банди собираат приходи кои се проценуваат на најмалку 139 милијарди евра (150,1 милијарди долари) годишно.

Членките на ЕУ ќе бидат обврзани да им обезбедат на органите вклучени во следењето и замрзнувањето на криминалните пари да имаат квалификуван персонал и доволно ресурси.

Новиот закон, кој најверојатно ќе стапи на сила следната година, ќе се прошири и на конфискација на „необјаснето богатство“ и ќе бара да им се даде приоритет на реституцијата и компензацијата на жртвите на криминал.