Украинската противвоздушна одбрана одби ракетен напад врз Киев и околината на главниот град, во кој беа ранети најмалку четири лица, соопштија украинската армија и официјални лица.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека на 11 декември над Киев биле соборени осум крстосувачки ракети, јави украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Видете и ова: Бајден го повика Зеленски на разговори во Белата куќаВоената управа на Киев соопшти дека четворица жители се повредени при паѓање на ракетни остатоци.
Осумнаесет беспилотни летала исто така беа соборени над Украина, соопшти војската, додавајќи дека повеќето од нив биле насочени кон цели во јужниот регион Миколаев.