Украинскиот парламент, Врховната Рада, ја повика Европската унија да ги отвори пристапните преговори со Украина.
Украинските претставници ги повикаа земјите-членки на ЕУ да одобрат отворање на пристапните преговори со Украина на самитот во петок, се вели во соопштението на парламентот, пренесе ДПА.
Одлуката беше усвоена со мнозинство гласови, а резултатот на Телеграм го објави претставникот Јарослав Железњак.
Некои земји-членки на ЕУ се загрижени за можните предизвици и трошоците за приклучување кон Украина, голема земја со голем земјоделски сектор која е далеку посиромашна од членките на Унијата.
Видете и ова: ЕК предложи отворање преговори за Украина и Молдавија, Грузија доби препорака за кандидатски статусУкраинскиот парламент ги повика и земјите-членки на ЕУ да продолжат со воената и финансиска помош за Украина. Тој повика и на воведување нови санкции против Русија.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, откако го анектираше полуостровот Крим во 2014 година и им помогна на проруските сепаратисти во источна Украина.
Украина доби официјален статус како кандидат за членство во ЕУ во 2022 година.
Видете и ова: Орбан вели дека влегувањето на Украина во ЕУ во овој момент не е во интерес на УнгаријаУнгарскиот премиер Виктор Орбан пред неколку дена се закани дека ќе стави вето на отворањето на преговорите со Украина.