Топлотен бран во Австралија, ризикот од шумски пожари расте

Шумски пожари во Австралија

Југоисточна Австралија во саботата беше погодена од топлотен бран што го зголеми ризикот од шумски пожари и ги принуди властите да забранат палење оган во големи делови на државата Нов Јужен Велс.

Националната метеоролошка служба предвиде максимална температура во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, од 40 степени целзиусови, речиси 15 степени над просечното високо ниво во градот за декември.

Премиерот Ентони Албанес во Сиднеј рече дека „време е да се грижиме еден за друг и да останеме безбедни“.

„Денес во Сиднеј, и на други места на источниот брег, тоа е потсетник дека климатските промени не се шега“, рече Албанес.

Видете и ова: Океаните соборуваат температурни рекорди

Топлината го зголемува ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари во текот на австралиското лето од декември до февруари поради временскиот феномен Ел Нино, обично поврзан со екстремни пожари, циклони и суши.