Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) соопшти дека 94 новинари и медиумски работници, вклучително и девет жени, биле убиени во 2023 година, што е скок од 67 отсто во однос на истиот период претходната година.
ИФЈ во извештајот од 8 декември изјави дека речиси 400 членови на медиумите биле затворени во 2023 година, што ја покажува потребата од подобра заштита на новинарите ширум светот.
„ИФЈ инсистира на тоа дека е потребна многу поголема акција од меѓународната заедница за да се заштитат животите на новинарите и да има одговорност за нивните напаѓачи“, се наведува во извештајот.
Видете и ова: Новинарите на протест пред суд: Наместо да уживаме заштита, ние треба да докажуваме дека сме новинариВо извештајот, исто така, се наведува дека војната во Појасот Газа, која започна во октомври, е причина за драматичното зголемување на смртните случаи, со 68 убиени новинари - повеќе од еден дневно - откако избувнаа непријателствата меѓу Израел и Хамас, кој е прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската унија.
„Војната во Газа беше посмртоносна за новинарите од кој било конфликт откако ИФЈ почна да ги следи случаите со убиени новинари за време на должност, во 1990 година“, се вели во извештајот, додавајќи дека смртните случаи достигнале „ без преседан невиден размер и брзина на загуба на животите на медиумските работници".
„Меѓународната заедница, а особено Меѓународниот кривичен суд, мора да се соочи со своите одговорности и темелно да ги истражи, и каде што е соодветно, да ги гони оние кои наредиле и извршиле напади врз новинари“, се потенцира во извештајот.
Во Европа, ИФЈ наведе дека Украина е сè уште „опасна земја за новинарите“, со украински, руски и француски претставници на медиумите кои беа убиени оваа година во војната на Русија против Украина.