Едно дете загинало, петмина се повредени во пукање во училиште во Русија

Полиција пред училиштето во кое се случил инцидентот во Брјанск, Русија, 7 декември 2023

Четиринаесетгодишно девојче од Русија застрелало еден соученик и ранило уште пет деца во пред да се самоубие, во училиште во рускиот град Брјанск, соопштија властите.

Според првичните информации, ученичката влегла во училишната зграда и пукала кон соучениците неколку пати со пиштол, кој бил во легална сопственост на нејзиниот татко.

Тинејџерката, која била осмо одделение, ранила шест нејзини соученици, по што се самоубила. Подоцна, една од повредените ученички починала во болница.

„Еден од повредените е во тешка состојба и е опериран. Останатите четворица повредени се во умерена состојба“, изјави помошник на рускиот министер за здравство.

Според информациите од истрагата, девојчето пукало во своите соученици поради конфликт со нив.