Јапонија ќе одржи онлајн самит на групата Г-7

Јапонскиот премиер Фумио Кишида

Јапонскиот премиер Фумио Кишида вечерва ќе одржи онлајн самит на групата најразвиени земји Г-7, на кој е поканет и украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти на прес-конференција генералниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно.

„Вечер премиерот Фумио Кишида, во својство на претседавач со Г-7, планира да одржи онлајн разговори на лидерите на „седумката“.

Видете и ова: Г7 подготвува посебен безбедносен пакет за Украина

Покрај лидерите на „седумката“, на почетокот на средбата ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски“, кажа Мацуно.

Според него, лидерите на Г7 планираат да разговараат за „важни прашања со кои се соочува меѓународната заедница“, вклучувајќи ја и ситуацијата во Украина, Блискиот Исток и прашањата поврзани со вештачката интелигенција.