Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 29 ноември соопшти дека нејзините службеници привеле жител на северозападниот град Печори под сомнение дека шпионирал за Латвија.
Според разузнавачките служби, осомничениот, чиј идентитет не е откриен, собирал информации за руските вооружени сили лоцирани во областа и имал намера да ги предаде на латвиската амбасада во Москва во замена за латвиско државјанство.
Видете и ова: Истражување: Руси поврзани со Кремљ вработени во највисокото европско безбедносно телоПретходно овој месец, судот во Латвија го осуди поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен пратеник Јанис Адамсонс на 8 и пол години затвор за шпионирање за Русија.