Хамас - група означена како терористичка организација од САД и ЕУ- се согласи да ослободи 13 Израелци и седум странци на 25 ноември ноќта во замена за 39 Палестинци затворени од Израел, соопштија катарските и египетските посредници, пренесе агенцијата АП.
Соопштението дојде откако Хамас синоќа го одложи ослободувањето на неколку часа, велејќи дека Израел ги прекршил условите од договорот за примирје.
Израел негираше дека не се придржувал до условите на договорот.
Претходно, на 24 ноември, вкупно 13 жени и деца кои беа заложници на Хамас, беа предадени на Црвениот Крст. Тоа е првата група израелски заложници кои беа ослободени откако беа киднапирани при нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Ослободувањетто на заложниците доаѓа по мировниот договор за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Во тој период Хамас треба да ослободи 50-тина заложници, а Израел 150 палестински затвореници.