Израелските одбранбени сили го уапсија директорот на најголемата болница во Газа, соопшти Министерството за здравство на Хамас.
Тој бил приведен заедно со членовите на медицинскиот персонал во Ал-Шифа, изјави портпаролот на Министерството.
Оваа најголема болница во Газа од минатата недела е во фокусот на копнената операција на Израел во северниот дел на Газа.
Видете и ова:
Ослободувањето на заложниците од Газа нема да се случи пред петокИзраелската војска тврди дека Хамас користи комплекс тунели под болницата за да организира напади и да крие заложници, наводи што екстремистичката група Хамас ги негираше.
Аднан ал-Бурш, кој е шеф на ортопедскиот оддел во Ал-Шифа, но моментално е во индонезиска болница во друг дел на Газа, за Би-Би-Си изјави дека директорот на Ал-Шифа, Абу Салами, бил приведен додека ги придружувал пациентите кои беа евакуирани од болницата.
Израелската армија сѐ уште не го потврдила ова.