Анкета - Речиси половина од Американците мислат дека САД трошат премногу за помош за Украина

Знамиња на Украина и на САД

Додека пратениците во Вашингтон размислуваат да испратат повеќе милијарди долари федерална поддршка за Киев, за да и се помогне на Украина во борбата против руската агресија, речиси половина од американската јавност смета дека земјата троши премногу за помош за Украина, покажуваат податоците од анкетата на Центарот за истражувања на јавна политика на Асошиејтед прес-NORC. Анкетата е објавена на 22 ноември.

Ова расположение, поддржувано најмногу од републиканците, помага да се објасни сѐ посилната опозиција меѓу конзервативците во законодавниот дом на САД, кои ги отфрлаат напорите на претседателот на САД, Џо Бајден да се усвои нова транша помош за Украина.

Од анкетата се дознава дека противењето за усвојување на помошта донекаде се намалило споредено со истата анкета на NORC пред еден месец.

Видете и ова:

Шефот на Пентагон му порача на Зеленски дека САД ја поддржуваат Украина „на долг рок“

Во октомври 54 отсто од испитаниците кажале дека владата на САД троши премногу за помош на Украина, додека сега тоа го сметаат 45 отсто.

Ова поместување најверојатно се случило само меѓу републиканците – од кои 59 отсто рекле дека на Украина се трошат премногу пари, додека во октомври тоа го сметале 69 отсто. Противењето на републиканците да се продолжи со помошта за Украина сепак останува силно.

Расположението кај многумина во САД е дека земјата има премногу проблеми дома за да може да ги решава туѓите.