Шефицата на Агенцијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) на 22 ноември рече дека опколениот Појас Газа е „најопасното место за деца во светот“.
Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, рече дека над 5.300 деца наводно биле убиени во Газа од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, што претставува 40 отсто од смртните случаи.
„Ова е без преседан“, рече таа.
Хамас и Израел се согласија да ги прекинат сите борби во Газа на четири дена како дел од договорот со кој Хамас ќе ослободи 50 жени и деца што ги држи како заложници во замена за Израел да ослободи 150 палестински жени и деца од своите затвори, соопшти радикалната организација, која е прогласена за терористичка од САД и ЕУ.
Видете и ова: Во очекување на четиридневниот прекин на огнот, Израел продолжува со воените операции во Појасот ГазаМедиуми јавуваат дека примирјето и пуштањето на заложниците ќе стартува во четврток претпладне.
Би-Би-Си објави дека паузата во борбите да започне утре во 10 часот по локално време (9 часот по средноевропско време), а првото ослободување на заложниците ќе се случи околу пладне по локално време. (11:00 според средноевропски). Информација ја објави и египетската државна телевизија Кахера. Истата информација ја пренесуваат и израелските медиуми, откако израелскиот министер за надворешни работи за Военото радио изјави дека очекува утре да започне процесот на извлекување на заложниците од Газа.
Договорот ќе го одбележи најголемото ослободување на заложници и прва размена на заробеници од почетокот на војната на 7 октомври. Хамас зеде околу 220 заложници за време на нападот врз Израел во кој беа убиени 1.200 луѓе.
Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека од почетокот на војната со Израел во Газа се убиени 13.000 луѓе.