Молдавија бара продолжување на вонредната состојба до крајот на годината

Премиерот на Молдавија Дорин Речеан им се обраќа на пратениците во Кишињев, Молдавија, архивска фотографија.

Владата на Молдавија на 22 ноември побара од пратениците да ја продолжат вонредната состојба во земјата за уште 30 дена. Продолжувањето треба да важи од 1 декември.

Во Молдавија беше прогласена вонредна состојба на почетокот на руската неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари минатата година. Молдавија се граничи со Украина на исток и дели 1.222 километри долга граница со земјата зафатена од војна.

Владата на премиерот Дорин Речеан тврди дека продолжувањето на вонредната состојба е неопходно во услови на очекувана ескалација на руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина за време на претстојната студена сезона, што може да го наруши снабдувањето со електрична енергија во Молдавија.

Видете и ова: Вонредната состојба во Молдавија продолжена за 60 дена

Вонредната состојба во Република Молдавија беше прогласена од парламентот на 24 февруари и потоа продолжена.