Развивачот на четботот ЧетГПТ, ОпенАИ, го најави враќањето на Сем Алтман на местото шеф на компанијата, само неколку дена откако беше отпуштен.
Компанијата „ОпенАИ“ објави дека е постигнат начелен договор Сем Алтман да се врати како извршен директор во компанијата со нов почетен одбор составен од Брет Тејлор (претседател), Лери Самерс и Адам Д'Анџело.
Минатата недела, одборот одлучи да го отстрани Алтман, што доведе до оставка на Брокман.
Одлуката ја донесоа тројца членови на одборот кои не се вработени, Адам Д'Анџело, Таша Меколи и Хелен Тонер и третиот ко-основач и главен научник на компанијата, Илја Сутскевер.
Сутскевер оттогаш се извини на Network X и потпиша писмо во кое го повикува одборот да ја повлече својата одлука.
Неговото отпуштање од компанијата зад популарниот бот ЧетГПТ, беше ненадејно и драматично. Во соопштението, одборот на директори соопшти дека верува оти Алтман не бил „постојано искрен во комуникацијата“ со нив и како резултат на тоа тие ја „изгубиле довербата“ во неговото раководство.
Видете и ова: ЕУ со закон за регулација на вештачката интелигенцијаВо меѓувреме имаше информации дека се преговара за враќањето на Сем Алтман во компанијата. Би-би-си претходно објави дека Алтман и најмалку еден член на одборот разговарале за ова прашање.
Речиси сите вработени во „Опен АИ“ се заканија дека ќе си заминат ако Алтман и ко-основачот Грег Брокман не бидат вратени на работа.
Мајкрософт, најголемиот инвеститор на „ОпенАИ“, исто така му понуди работа на Алтман. Мајкрософт понуди еднаква плата за сите вработени кои ќе му се придружат од „ОпенАИ“.
„Се зависи од тоа дали луѓето од „ОпенАИ“, ќе останат таму или ќе дојдат во Мајкрософт, така што јас сум отворен за двете опции“, изјави извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела за Си-Ен-Би-Си.
Одборот на компанијата се состоеше од само шест лица заклучно со минатата недела, што е невообичаено за компанија која наводно се проценува на 80 милијарди долари.
Еван Морикава, менаџер во „ОпенАИ“, објави дека 743 од 770 вработени на „ОпенАИ“, потпишале писмо во кое го повикуваат раководството да поднесе оставка, а вработените се закануваат дека ќе си заминат доколку нивните барања не се исполнат.