Дојавата за бомба во РТС била лажна

Зградата на Радио-телевизија на Србија во Белград.

Дојавата за наводно поставената бомба во објектот на Радио телевизија на Србија (РТС) е лажна, изјави РТС за Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Ваква пријава не се случува прв пат и веднаш пријавивме во полиција. Тие излегоа на местото, проверија и утврдија дека пријавата е лажна“, соопшти РТС на 21 ноември.

Од таа медиумска компанија, чие седиште е во Белград, додаваат дека нема класична евакуација и дека телевизиските, радио и интернет програмите се одвиваат според планот.

Видете и ова: МВР на Србија: РТС доби дојава за бомба

Претходно, од Министерството за внатрешни работи за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјавија дека дојавата за бомба во објектот на РТС е испратена по електронска пошта и дека екипи се испратени на терен.

Војводинската радио и телевизија (РТВ), чие седиште е во Нови Сад, во вторникот попладне објави дека непознато лице пријавило дека во зградата на РТВ има експлозивна направа.

Специјализирани екипи на полицијата излегоа на терен и во тек е антидиверзантска проверка на објектот“, објави РТВ на својата веб-страница.

РТВ додава дека во последните два месеци има чести лажни извештаи за поставени бомби во нејзините објекти.