Русија приведе француски државјанин поради нелегален влез во земјата од Естонија, соопшти руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) на 21 ноември.
Во соопштението на ФСБ се вели дека францускиот државјанин признал дека илегално ја преминал границата со брод на реката Нарва.
Членката на ЕУ и НАТО, Естонија дели 300 километри долга граница со Русија.
Видете и ова:
ОН - Бројот на цивилни жртви во Украина надмина 10 илјадиТензиите меѓу двете земји се зголемија откако Москва ја започна својата целосна инвазија на Украина минатата година.
Новинските агенции кои се повикуваат на ФСБ објавија дека поединецот бил задржан во притвор до 30 дена.
Во очекување на судењето, наведено е дека е отворено кривично дело.