МВР на Србија: РТС доби дојава за бомба

Зградата на Радио-телевизија на Србија во Белград.

Радио и телевизија на Србија (РТС) добила дојава за наводна бомба во еден од нејзините објекти.

Информацијата за Радио Слободна Европа ја потврдија од Секторот за медиуми и комуникации на Министерството за внатрешни работи (МУП).

Полициски екипи се на терен и вршат проверки“, велат од Министерството за внатрешни работи за РСЕ.

Како што може да се види на нејзините канали, Радио-телевизија на Србија ја емитува програма.

Веб-страницата на телевизијата функционира, но на страницата на РТС нема вести за дојава за наводна бомба во нејзиниот објект.