Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е примен од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во палатата Белви, официјалната резиденција на Штајнмаер во Берлин.
Штајнмаер и Ердоган се поздравија со ракување на 17 ноември.
Турскиот претседател потоа ја потпиша книгата на гости на палатата.
Видете и ова: Турскиот парламент ја одложи дебатата за кандидатурата на Шведска во НАТОПрвата посета на Ердоган на Германија по три години е планирана да биде многу кратка.
Тој планира да лета назад во Турција вечерта по вечерата со канцеларот Олаф Шолц.
Посетата на турскиот лидер беше проследена со протести околу главниот град на Германија, каде властите распоредија околу 2.800 полицајци за безбедност.