Зеленски: Снабдувањето со оружје за Украина е намалено од почетокот на војната Израел-Хамас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека испораката на клучни артилериски гранати во неговата земја е намалена по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Испораките се намалени. Сите се борат за своите залихи. Тоа е животот, не велам дека е позитивен, но тоа е живот и ние мора да го браниме она што е наше“, рече Зеленски.

Тој посочи дека е намалена испораката на гранати од 155 милиметри, што се користат на линијата на источниот и јужниот фронт во Украина.

Видете и ова: Германија планира да ја дуплира воената помош за Украина по планот на канцеларот Шолц

Неодамна владејачката коалиција на германскиот канцелар Олаф Шолц соопшти дека начелно се согласила да ја дуплира воената помош на земјата за Украина за следната година на 8 милијарди евра (8,5 милијарди долари).

Планот на Европската Унија да потроши до 20 милијарди евра (21,4 милијарди долари) за воена помош за Украина наидува на отпор од земјите на ЕУ, изјавија деновиве европски претставници.