Тројца вооружени напаѓачи нападнаа контролен пункт во близина на Ерусалим во четвртокот, ранувајќи неколку луѓе пред да бидат „неутрализирани“, соопшти израелската полиција.
Четири лица се здобиле со прострелни рани, меѓу кои и едно тешко повредено, соопшти итната медицинска помош, а уште две лица се полесно повредени.
Видете и ова: Советот за безбедност на ОН ја одобри „продолжената хуманитарна пауза“ во Газа„Сите повредени се припадници на безбедносните служби“, информираат од полицијата.
Нападот на контролниот пункт на пристапот до тунелите што ги поврзуваат окупираниот Западен Брег и Ерусалим се случи на 41-от ден од војната меѓу Израел и радикалната група Хамас со седиште во Појасот Газа.