Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е вклучен во секојдневни разговори за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, односно дека верува и оти тоа навистина ќе се случи.
„Држете се, пристигнуваме“, изјави Бајден во вторникот, 14 ноември, во Белата куќа, кога новинарите го прашаа која би била неговата порака до членовите на семејствата на лицата кои се држат како заложници.
Бајден истакна и дека секојдневно разговара со страните вклучени во преговорите околу евентуалното ослободување на заложници, но не сакаше да открие детали.
Милитантите на Хамас, група која САД и ЕУ ја карактеризираа како терористичка, ја преминаа границата од Газа во Израел на 7 октомври, па во таа прилика убија околу 1.200 луѓе, а околу 240 лица беа земени за заложници.
Видете и ова: Семејствата на заложниците на Хамас започнаа протестен марш кон ЕрусалимДо денеска, ослободени се само четворица заложници.
Во соопштението на Белата куќа објавено во неделата, Бајден „недвосмислено“ го осуди чувањето на заложници од страна на Хамас, меѓу кои се наоѓаат и мали деца, а едно од нив е и тригодишен американски државјанин, чии родители беа убиени во нападот на 7 октомври.
Семејствата пак на Израелците чии лица се под заробеништво на Хама во појасот Газа, порано денеска го започнаа петдневниот марш од Тел Авив до Ерусалим, со цел да побараат од властите да преземат повеќе мерки за нивно ослободување.